Ердоган: Додека земјите на ЕУ не можат да се согласат, Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци

Претседателот Ердоган на самитот на Процесот за соработка во југоисточна Европа (SEECP) истакна дека додека земјите на ЕУ не можат да се согласат во квотите за бегалците, за прием на само десетина бегалци, Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци

1232775
Ердоган: Додека земјите на ЕУ не можат да се согласат, Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци
cumhurbaskani erdogan.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Güneydoğu Avrupa İşbirliği Süreci Zirvesi Bosna Hersek.jpg

Претседател Реџеп Тајјип Ердоган учествува на Самитот на Процесот за соработка во југоисточна Европа (SEECP) кој што започна денеска на Јахорина, во близина Сараево во Босна и Херцеговина.

Во говорот што го одржа овде претседателот Ердоган се осврна на прашањето со илегалните имигранти и ја критикуваше Европа.

„Додека земјите на Европската унија (ЕУ) не можат да се согласат во квотите за бегалците, за прием на само десетина бегалци, Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци.“ - рече Ердоган.

Потсетувајќи дека Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци од кои 3,6 милиони Сиријци, претседателот Ердоган рече: „Според, Обединетите нации (ОН), само за бегалците од Сирија потрошивме повеќе од 37 милијарди долари. Нашата земја, во однос на националниот доход се најде на првото место. Турција ја стави во примена секој вид мерка по прашањето на борбата против илегалната миграција, на чело со Егејското Море.“

Тој напомена дека благодарение на мерките кои што ги презеде Турција се спречени трагедиите во Егејот и истакна дека процентот на премини кон Европа е намален за 99 отсто.

Претседателот Ердоган подвлече дека Турција дава огромен придонес со непроценлива вредност за безбедноста на целиот европски континент, а пред се за балканските земји.

„Меѓутоа, во овој тежок процес не можевме да ја видиме и добиеме очекуваната поддршка и хуманитарен став од напшите европски пријатели. Не беа исполнети ветувањата кои што и беа дадени на нашата земја. Од 6 милијарди евра беа ослободени само 2,5 милијарди евра.“ - рече Ердоган. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор на Самитот на Процесот за соработка во југоисточна Европа (SEECP) во Сараево додаде дека балканските земји треба да ја развиваат меѓусебната економска соработка и го подвлече следното: „Балканските земји треба да ја развиваат економската соработка, а автопатот Белград-Сараево во тој поглед е од стратешка важност."



Слични вести