Во воздушни операции на северот на Ирак се неутрализирани уште четворица терористи

Координирано со операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што продолжува успешно во северниот дел на Ирак, се реализирани воздушни операции на областите Зап и Гара во подрачјето во кои се неутрализирани уште четворица терористи на ПКК

1231828
Во воздушни операции на северот на Ирак се неутрализирани уште четворица терористи

Во воздушни операции на областите Зап и Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани уште четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, координирано со операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што продолжува успешно во северниот дел на Ирак, се реализирани воздушни операции на областите Зап и Гара во подрачјето.

Во операциите се  погодени цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле користени како наоружана позиција, засолниште и скривница, а се неутрализирани и уште четворица терористи. 

Од друга страна, вчера во реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на планината Габар кај градот Ширнак, во југоисточниот дел на земјата, беа неутрализирани двајца терористи.

Установено е дека едниот од двајцата неутрализирани терористи било лицето по име М.Ширин Арслан т.н. висок раководител одговорен за Габар кој се наоѓал во категоријата означена со сива боја, во списокот на барани терористи.



Слични вести