Во операција кај градот Хаќќари се неутрализирани тројца терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) реализираа операција во руралното подрачје на населеното место Чукурџа кај градот Хаќќари, во која се неутрализирани тројца терористи на ПКК

1232240
Во операција кај градот Хаќќари се неутрализирани тројца терористи на ПКК

Во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Чукурџа кај градот Хаќќари, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Операциите во подрачјето продолжуваат.

Од друга страна, вчера во реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на планината Габар кај градот Ширнак, во југоисточниот дел на земјата беа неутрализирани двајца терористи.

Установено е дека едниот од двајцата неутрализирани терористи било лицето по име М.Ширин Арслан т.н. висок раководител одговорен за Габар кој се наоѓал во категоријата означена со сива боја во списокот на барани терористи.



Слични вести