Турција ги осуди терористичките напади во авганистанскиот главен град Кабул и провинцијата Газне

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека Турција ќе продолжи да стои покрај Авганистан во борбата против тероризмот

1231994
Турција ги осуди терористичките напади во авганистанскиот главен град Кабул и провинцијата Газне

Турција ги осуди терористичките напади кои што се случија во главниот град на Авганистан, Кабул, и во провинцијата Газне во кои имаше голем број загинати и ранети лица, а воедно го изрази своето сочувство до авганистанскиот народ по повод овие напади.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека Турција ќе продолжи да стои покрај Авганистан во борбата против тероризмот.

Во соопштението се вели дека се чувствува длабоко жалење од смртт и ранувањето на голем број лица во терористичките напади кои како последно се случија во главниот град Кабул и во провинцијата Газне, и тоа во период кога се интензивирани разговорите меѓу инволвираните страни за воспоставување на мирот во Авганистан.

„Жестоко ги осудуваме овие терористички акции кои што стануваат причина за смртта и на невини деца кои одат на училиште, и го изразуваме нашето сочувство до братскиот авганистански народ.“ - се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи. 

Во нападот извршен со возило натоварено со бомби врз зградата на Управата за национално разузнавање во провинцијата Газне во Авганистан загинаа 12 лица, а 179 лица беа ранети.

Во главниот град Кабул пак, во вооружен напад врз двајца јавни обвинители загина еден јавен обвинител.



Слични вести