Претседателот Ердоган првата посета во Сараево ја оствари на турските војници од составот на ЕУФОР

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својата прва посета во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, ја оствари на турските војници (Мехметчик) кои се наоѓаат на задача овде во склопот на силите на ЕУФОР

1232323
Претседателот Ердоган првата посета во Сараево ја оствари на турските војници од составот на ЕУФОР
erdogan bosna.jpg
erdogan saraybosna Turk askerleri1.jpg
erdogan saraybosna Turk askerleri.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во пладневните часови пристигна во дводневна посета Сараево каде што денеска и утре ќе учествува на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), со кој претседава Босна и Херцеговина.

Ердоган пристигна на Меѓународниот аеродром во Сараево, а во негова придружба допатуваа и неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак и министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан.

Претседателот Ердоган на сараевскиот аеродром беше пречекан од страна на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој допатува овде пред него, потоа заменик министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Алмир Шаховиќ, амбасадорот на Турција во Сараево Халдун Коч и други високи фуинкционери.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својата прва посета во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, ја оствари на турските војници (Мехметчик) кои се наоѓаат на задача овде во склопот на силите на ЕУФОР.

Ердоган заедно и со министерот за национална одбрана Хулуси Акар ја посети касарната каде што се сместени турските војници во воената база Бутмир и беше на ручек заедно со војниците.

Посета беше затворена за медиумите.

Потоа претседателот Ердоган ги посети и гробиштата на шехидите (паднатите борци) во Ковачи, каде што се наоѓа и гробот на првиот претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина, незаборавниот бошњачки лидер Алија Изетбеговиќ.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во вечерните часови ќе учествува на вечерата која што ќе биде приредена во рамките на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP).



Слични вести