Претседателот Ердоган: Продолжуваат подготовките во врска со пристигнувањето на С-400 во Турција

Претседателот Ердоган истакна дека продолжуваат подготовките во врска со пристигнувањето на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 во Турција.

1232023
Претседателот Ердоган: Продолжуваат подготовките во врска со пристигнувањето на С-400 во Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред да замине за Босна и Херцеговина, каде што во Сараево денеска и утре ќе учествува на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, на аеродромот Ататурк во Истанбул одговараше на прашањата на претставниците на печатот.

Ердоган истакна дека продолжуваат подготовките во врска со пристигнувањето на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 во Турција, кои што беа купени од Русија.

На едно поставено прашање кога ќе пристигнат противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 во Турција, претседателот Ердоган рече: „Моментално продолжуваат подготовките за патувањето. Продолжуваат работите за нивната испорака. Има датуми за кои што постигнавме компромис со нив (Русите). Овде, плановите за распоредување, каде што бидат стационирани, одговорноста по ова прашање е кај Министерството за национална одбрана и Генералштабот. Нека биде ајрилија за нашата земја и за светот.“

Претседателот Ердоган исто така се осврна и на случувањата на Балканот во врска со што истакна дека Турција го нема тој луксуз оддалеку да ги набљудува случувањата на Балканот и рече: „Мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот се многу важни за нас. Нашата земја го нема тој луксуз оддалеку да ги набљудува случувањата во тој регион.“

 



Слични вести