Претседателот Ердоган му честита на Кириакос Мицотакис за изборната победа

Претседателот Ердоган го побара по телефон и му честита на лидерот на Нова Демократија (НД) Кириакос Мицотакис за изборната победа и посака резултатите од изборите да послужат за добро, за односите помеѓу Турција и Грција и за регионот воопшто

1231842
Претседателот Ердоган му честита на Кириакос Мицотакис за изборната победа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му честита на победникот на одржаните вчерашни предвремени парламентарни избори во Грција лидерот на Нова Демократија (НД) Кириакос Мицотакис, кој стана и нов грчки премиер.

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со Кириакос Мицотакис.

Ердоган, во телефонскиот разговор му честита на Мицотакис за изборната победа и посака резултатите од изборите да бидат ајирлија, да послужат за добро, за односите помеѓу Турција и Грција и за регионот воопшто.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така во својата објава што ја сподели на социјалната мрежа Твитер, му честита на лидерот на централно десничарската партија Нова Демократија (НД) Кириакос Мицотакис, победникот на предвремените парламентарни избори во Грција.

Чавушоглу во својата порака напиша: „Срдечно му честитам на лидерот на Нова Демократија (НД) Кириакос Мицотакис поради успехот на изборите. Верувам дека под негово лидерство ќе бидат зајакнати уште повеќе и пријателството помеѓу турскиот и грчкиот народ и нашите билатерални односи.“



Слични вести