Подготвено видео на 7 јазици по повод 3. годишнина од обидот за државен удар на 15 јули

Подготвеното видео на 7 јазици и тоа на турски, англиски, руски, германски, француски, шпански и арапски, во кое се раскажува за предавничкиот обид за државен удар на 15 јули, може да се гледа преку интернет адресата http://15temmuz.gov.tr

1231921
Подготвено видео на 7 јазици по повод 3. годишнина од обидот за државен удар на 15 јули

По повод одбележувањето на третата годишнина од обидот за државен удар и окупација извршен од страна на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)  на 15 јули 2016 година, е подготвено видео на 7 јазици.

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер истакна дека во рамките на одбележувањето на 15 јули Денот на демократијата и националното единство под координација на Одделот за комуникации во претседателството е подготвено видео на 7 јазици и тоа на турски, англиски, руски, германски, француски, шпански и арапски.

Подготвеното видео по име „Татковината е наша, волјата е наша“ („Vatan Bizim, İrade Bizim“) во кое се раскажува за предавничкиот обид за државен удар на 15 јули, може да се гледа преку интернет адресата http://15temmuz.gov.tr 



Слични вести