Во операцијата „Шепа“ на северот на Ирак од 27 мај досега се неутрализирани вкупно 61 терорист

Бројот на вкупно неурализираните терористи во операцијата „Шепа“ („Pençe“) на северот на Ирак од 27 мај досега изнесува вкупно 61 терорист на ПКК

1231418
Во операцијата „Шепа“ на северот на Ирак од 27 мај досега се неутрализирани вкупно 61 терорист

Во рамките на операцијата „Шепа“ („Pençe“) во областа Хакурк во северниот дел на Ирак која што започна на 27 мај до денеска се неутрализирани вкупно 61 терорист, член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, во рамките на операцијата „Шепа“ („Pençe“) една по една се откриваат и уништуваат пештери, засолништа, скривници, мини и експлозиви од рачна изработка на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во операцијата досега се неутрализирани 61 член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а бројот на уништени експлозиви од рачна изработка изнесува 110.

Исто така и вкупно 151  пештера и засолниште користени од страна на терористичката организација се уништени со муницијата и материјалите за обезбедување на животните потреби на терористите.

Освен тоа во засолништата на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се запленети и 18 пешадиски пушки AK-47, 11.958 парчиња муниција, 3 минофрлачи RPG-7, 1 противавионски тежок митралез ДШК, 3.364 парчиња муниција за оружје Бикси (Bixi), 24 рачни бомби, 3.362 килограми амониум нитрат кој што се употребува во производство на експлозив, материјали за производство на експлозив од рачна изработка и големи количини материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести