Во операција на планината Кандил неутрализиран еден од членовите на т.н. Претседателски совет на терористичката ПКК/КЏК

Во реализирана заедничка операција на Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТВС) на планината Кандил на северот на Ирак е неутрализиран Дијар Гариб Мухамед, еден од 7'те членови на терористичката организација ПКК/КЏК

1231555
Во операција на планината Кандил неутрализиран еден од членовите на т.н. Претседателски совет на терористичката ПКК/КЏК

Во реализирана заедничка операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТВС) на планината Кандил во северниот дел на Ирак, е неутрализиран висок член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК по име Дијар Гарип Мухамед (Diyar Ghareeb Mohammed) едниот од членовите на т.н. Претседателски и извршен совет на терористичката организација.

Според добиени информации, Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТВС) на 27 јуни во четврток со целосно домашни и национални можности реализираа заедничка операција на областа Кортек Кривини на планината Кандил во северниот дел на Ирак.

Во оваа операција е неутрализиран Дијар Гарип Мухамед, член на т.н. Претседателски и извршен совет на  сепаратистичко-терристичката организација ПКК/КЏК.

Лицето Дијар Гарип Мухамед, познат под кодното име „Халимат Дијар“ роден во 1973 во Сулејманије, беше едниот од 7'те членови на т.н. Претседателски совет на  сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК кон која се приклучил во 1992 година.



Слични вести