Претседателот Ердоган се состана со претседателот на Претседателскиот совет на либиската влада Сераџ

Претседателот Ердоган во сарајот Долмабахче во Истанбул се состана со претседателот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез Мустафа ес-Сераџ

Претседателот Ердоган се состана со претседателот на Претседателскиот совет на либиската влада Сераџ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана со претседателот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез Мустафа ес-Сераџ. 

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателот, претседателот Ердоган со претседателот на Претседателскиот на Владата на национално единство на Либија ес-Сераџ се состана во сарајот Долмабахче во Истанбул.

На средбата беше разговарано за билатералните односи помеѓу Турција и Либија, последните случувања во Либија и регионални прашања. 

Претседателот Ердоган ја повтори поддршката на меѓународно признатата влада на Либија и упати повик за стопирање на нападите на силите на генералот Халифа Хафтар кои немаат легитимност.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека за митот, спокојството и стабилноста на Либија е на страната на легитимната либиска влада на чело со Фајез ес-Сераџ.



Слични вести