Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со генералниот секретар на ОН Гутерес
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес во врска со скандалот со потпишаниот Акционен план на ОН со терористичката ЈПГ/ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.
Според добиени информации од дипломатски извори, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во телефонскиот разговор со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес разговараше за "потпишувањето на Акциониот план на специјалниот претставник за деца и вооружени судири при Обединетите нации со т.н. Сириски демократски сили (СДФ)".
Министерот Чавушоглу завчера во програмата на информативниот телевизиски канал на Турската радио и телевизија ТРТ Хабер покажа реакција против потпишаниот Акционен план помеѓу специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес по прашањето на децата-борци во вооружените судири Вирџинија Гамба и терористичката организација ЈПГ/ПКК која го користи името Сириски демократски сили (СДФ).
Мевлут Чавушоглу истакна дека ќе разговара и со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, а воедно напомена дека постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу ја доставил писмената протестна нота на Турција до ОН.
Слични вести

Ердоган: „Поседувањето силна флота многу повеќе е нужност отколку избор“
Ердоган: „Поседувањето силна флота многу повеќе е нужност отколку избор“