Во операција кај градот Бинѓол е уништено засолниште на терористите со 3 соби

турските безбедносни сили реализираа операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на населеното место Јајладере кај градот Бинѓол, каде што уништија засолниште со 3 соби

Во операција кај градот Бинѓол е уништено засолниште на терористите со 3 соби

Во реализирана операција во близина на населеното место Јајладере кај градот Бинѓол во југоисточниот дел на земјата е уништено засолниште составено од 3 соби на терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од губернијата на Бинѓол, турските безбедносни сили реализираа операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на населеното место Јајладере кај градот Бинѓол.

За време на операцијата беше откриено засолниште составено од 3 соби кое било користено од страна на терористите.

Во засолништето беа запленети експлозивна направа од рачна изработка со активирање со притиснување, како и прехранбени производи и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Засолништето беше уништено од страна на безбедносните сили.



Слични вести