Портпаролот Калин: Наскоро ќе започне испораката на С-400 од Русија и активно ќе се користи“

Активностите во врска со стационирањето на одбранбениот систем ги спроведуваат заедно и координирано  Министерството за национална одбрана, Командата на воздушните сили и командантите на воените сили

Портпаролот Калин: Наскоро ќе започне испораката на С-400 од Русија и активно ќе се користи“

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин рече дека наскоро ќе започне испораката на воздушно-одбранбениот систем С-400 кој беше купен од Русија и активно ќе се користи.

Портпаролот Калин на прес конференцијата што ја одржа додека траеше состанокот на кабинетот што се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„С-400 не е одбранбен систем кој што ќе предизвика закана или опасност за безбедносниот систем на НАТО. Активностите во врска со стационирањето на одбранбениот систем ги спроведуваат заедно и координирано  Министерството за национална одбрана, Командата на воздушните сили и командантите на воените сили.

Претстојниот Троен состанок меѓу Турција, Русија и Иран во врска со Сирија во рамките на процесот Астана планираме да го одржиме во август во Турција под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Продолжуваме со активностите за утврдување на датумот на состанокот на кој детално ќе биде разгледано сириското прашање“ рече Калин.

Во врска со вториот квадрилатерален состанок (меѓу Турција, Русија, Германија, и Франција) Калин рече дека „лидерите на Самитот на Г-20 постигнаа согласност повторно да се одржи под покровителство на претседателот Ердоган во Турција. Ќе се потсетите, првиот беше одржан во октомври во Истанбул.

На претстојниот квадрилатерален состанок во август или почетокот на септмеври се планира детално да се разгледаат сириското прашање и безбедносните прашања во регионот“ рече портпаролот Калин.



Слични вести