Меѓународен Фестивал на балони во Кападокија

На фестивалот на балоните на воздух имаше балони во облик на јастог, глувче, оса, робот, крава и слични фигури

Меѓународен Фестивал на балони во Кападокија
kapadokya balon festivali1.jpg
kapadokya balon festivali2.jpg
kapadokya balon festivali3.jpg
kapadokya balon festivali4.jpg
kapadokya balon festivali5.jpg

Во рамките на Меѓународниот фестивал на балони во Кападокија, еден од најзначајните туристички центри на Турција, балоните на воздух во различни фигури полетаа меѓу самовилските оџаци и природните карпести формации.

Вториот ден на фестивалот кој се одржува под покровителство на Општината Урѓуп кај Невшехир, балоните на воздух го разубавија и обоија небото над локалитетот Пашабаги каде што најмногу се наоѓаат т.н. Самовилски оџаци.

Домашните и странски посетители покажуваат големо интересирање кон фестивалот на балоните на воздух меѓу кои имаше балони во облик на јастог, глувче, оса, робот, крава и слични фигури.

По 45 минути балоните кои летаа по небото над Кападокија слетаа во близината на местото Ѓореме.

Пилотот на белгискиот балон Герт Ван Волверлер кој учествуваше на фестивалот рече дека работи во една фирма во областа и дека само по повод фестивалот од татковината донел балон за да учествува на фестивалот.

Фестивалот визуелно ја збогати убавината на Кападокија рече Волвелер и додаде дека одржувањето на фестивалот и во претстојните години ќе одигра значајна улога од аспект на развојот на туризмот.



Слични вести