Италија го продолжи мандатот на ракетно-одбранбениот систем SAMP-T стациониран во Турција

Со усвоената одлука во италијанскиот Парламент мандатот на ракетно-одбранбениот систем SAMP-T стациониран во градот Кахраманмараш е продолжен до крајот на годината

Италија го продолжи мандатот на ракетно-одбранбениот систем SAMP-T стациониран во Турција

Италијанскиот Парламент одлучи мандатот на ракетно-одбранбениот систем SAMP-T стациониран во градот Кахраманмараш во југоисточниот дел на Турција, да биде продолжен до 31 декември 2019 година. 

Одлуката во врска со меѓународните мисии на Италија која во изминатите месеци беше усвоена во заедничката Комисија за надворешни работи во италијанскиот Парламент и  Сенатот, е изгласана и во Парламентот.

Одлуката предвидува мандатот на ракетно-одбранбениот систем SAMP-T на Италија, стациониран во градот Кахраманмараш во југоисточниот дел на Турција, да биде продолжен до 31 декември.

Одлуката на 9 јули ќе биде одобрена во Сенатот, а потоа ќе биде потпишана од страна на италијанскиот претседател Серџио Матерела по што ќе стапи и во сила.

Инаку, на барање на Турција од НАТО Италија ракетно-одбранбениот систем SAMP-T на 6 јуни 2016 година го постави во касарната Гази во градот Кахраманмараш. 

Шпанија исто така со донесената одлука во изминатите недели го продолжи до крајот на 2019 година мандатот на својот ракетно-одбранбен систем Патриот, кој што 4 години како е стациониран во градот Адана, за воздушната одбрана на Турција.



Слични вести