„133.000 документи на османлиски јазик се откриени во Северна Македонија"

„Турција веќе постигна моќ со која ги штити своите документи на Балканот

„133.000 документи на османлиски јазик се откриени во Северна Македонија"

Претседателот на Државните архиви на Турција, проф. д-р Угур Унал, истакнувајќи дека 133.000 документи на османлиски јазик откриени во границите на Северна Македонија, се префрлени во дигитална платформа, рече: „Турција веќе постигна моќ со која ги штити своите документи на Балканот, ги префрлува во дигитална платформа, ги класификува и ги споделува со светската јавност“.

Унал оствари посета на Северна Македонија во рамки на потпишување протокол за соработка меѓу државните архиви на Северна Македонија и Турција, и во разговор за Anadolu Agency (AA) говореше за соработката во областа на архивите меѓу двете земји, османлиските документи во овие простори и нивно префрлување во дигитална платформа.

Тој потсети дека Северна Македонија и Турција од ’90-тите години соработуваат во областа на архивите, и дека моментално е постигнат најсеопфатниот договор постигнат досега меѓу државните архиви на двете земји.

Според него, во текот на историјата двете земји имале многу важни односи.

„Во текот на историјата нашите односи беа многу важни. Бидејќи овој регион содржи значајни документи за историјата и минатото на двете држави и двата народа. Османлиската држава 500 години владееше во овој регион. Во Истанбул постојат десетици и стотици илјади архивски записи кои се однесуваат на овие краишта. Исто така, тука има доста записи во врска со Анадолија, османлиската држава и Турците“, додаде тој.

Унал рече дека пред четири години започнале важен проект. „ТИКА и тогашната Дирекција на државни архиви реализираа тригодишен проект во овој регион. Проектот беше за префрлување на сите документи на османлиски јазик во дигитална платформа“, нагласи тој, информирајќи дека овој проект бил реализиран меѓу државните институции.

„Досега 133.000 документи на османлиски јазик откриени во границите на Северна Македонија се префрлени во дигитална платформа. Тие се наоѓаат под покровителство на Државните архиви на Турција. Исто така, тие се класификувани од страна на експертите по османлиски јазик и се отворени за пристап за истражување“, додаде тој.

Унал истакна дека претходно била подготвена книга за османлиските документи во Северна Македонија, која, исто така е префрлена во дигитална платформа.

„Историчарите, професорите, истражувачите во Истанбул, веќе имаат пристап до записи кои се поврзани со овие простори. Со нив може да вршат истражувања, кои можат да бидат тема за трудови на повеќе професори“, рече Унал, и додаде дека меѓусебно ќо ги споделуваат записите кои датираат од османлискиот период и дека тоа претставува голема услуга за работата на историчарите на двете земји.

Исто така, Унал нагласи дека издале книга за Северна Македонија врз основа на османлиските архиви.

„Можеби сега ќе подготвиме едно посеопфатно дело. Меѓу нашите цели во 2020 година ќе биде издавање заедничка книга врз основа на документите кои се наоѓаат тука и во Турција. Сметам дека една ваква работа ќе биде многу корисна“, додаде Унал.

- Првиот успех на Балканот е постигнат во Северна Македонија

Унал се осврна и на активностите кои Турција ги реализира во овој регион, и нагласи дека турските институции како ТИКА, Институтот „Јунус Емре“, Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), организираат многу значајни активности.

Според него, младите во овој регион коишто го познаваат турскиот јазик, можно е да добијат обука по османлиски јазик.

„За да се научи османлискиот јазик, потребно е првин да се знае турскиот јазик. Бројни лица во повеќе места во светот, како Далечниот Исток, арапските и европските земји, го изучуваат османлискиот јазик. Пред сѐ, тоа е под покровителство на Институтот „Јунус Емре“, кој реализира важни работи“, рече Унал.

Според него, вршењето работи за архивите на Балканот не е лесна работа, и за тоа е потребно е да се вршат многу добри прелиминарни подготовки.

„Можам слободно да кажам дека Државните архиви [на Турција] и ТИКА првиот успех на Балканот го постигнаа во Македонија, во Скопје и во другите градови. Завршено е префрлувањето и класификувањето на документите на османлиски јазик во дигитална платформа. Тоа беше една примарна работа за нас. Тоа ги активираше и другите земји“, истакна Унал.

- „Турција постигна моќ со која ги штити своите документи на Балканот“

Покрај во Северна Македонија, Унал нагласи дека реализирале успешни работи и во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во Србија.

„До денес, над 500.000 документи на османлиски јазик ги префрливме во дигитална платформа и ги однесовме во Турција. Работите се во тек таму. Најверојатно ќе продолжат уште некои два периода, односно имаме проект кој ќе трае до крајот на 2019 година“, нагласи Унал, додавајќи дека Турција реализира активности насочени кон иднината.

„Со новиот систем на управување, нашиот претседател [Реџеп Таип Ердоган] Државните архиви ги презеде под покровителство на Претседателството. Затоа и се вршат повеќе активности. Секогаш дава инструкции во насока на поддржување на ваквите историски и културни теми на Балканот. Ние како институции во Турција се состануваме и разговараме за тоа што можеме да направиме на Балканот", рече Унал и истакна:

Турција веќе постигна моќ со која ги штити своите документи на Балканот, ги префрлува во дигитална платформа, ги класификува и ги споделува со светската јавност. Фала му на Бога, реализираме големи активности. Тоа ќе ни даде поттик во насока на заеднички активности на Балканот“, нагласи во изјава за АА Угур Унал, претседател на Државните архиви на Турција.



Слични вести