Продолжуваат операциите на ТВС против ПКК

Операција против терористите на ПКК во руралното подрачје Ерух кај Сиирт беше поддржана и од воздух

1229883
Продолжуваат операциите на ТВС против ПКК

Во операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје Ерух кај Сиирт загина еден војник, е еден војник беше повреден.

Според безбедносни извори, ТВС започнаа операција против терористите на ПКК во руралното подрачје Ерух кај Сиирт која беше поддржана и од воздух.

Во судирите со терористите беа повредени двајца турски војници.

Еден од повредените војници кој беше префрлен на хоспитализација во државната болница на Сиирт, покрај сите медицински интервенции, подлегна на повредите.

Продолжуваат операциите со поддршка на хеликоптерите АТАК за неутрализирање на терористите во подрачјето.



Слични вести