Ердоган: „Турција остро се спротивставува на скандалозниот договор меѓу СПГ и ОН“

Ние сме заеднички производител на авионите Ф-35

1229916
Ердоган: „Турција остро се спротивставува на скандалозниот договор меѓу СПГ и ОН“

Турција остро реагираше на скандалозниот договор меѓу СПГ, параван организацијата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Сирија и Обединетите нации (ОН).

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со договорот рече: „Ова е неприфатливо“.

Пред да се врати од посетата на Кина, Ердоган во Пекинг одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган рече:

„Самиот чин на прифаќање на една терористичка организација од страна на ОН, седнувањето на преговарачката маса и потпишувањето договор во својство на признавање на официјалниот статус на една терор претставува скандал. Ова не е прашање кое може да се занемари.

По тој повод во ОН презедовме иницијатива за протест на овој скандалозен договор“ рече Ердоган.

Алудирајќи на реакциите во врска авионите Ф-35 од САД, односно изјавите дека „ако купите С-400 од Русија, нема да ви ги предадеме авионите Ф-35“ Ердогна рече: „Ние сме заеднички производител на авионите. Вие ако барате клиент, и ако ви излезе клиентот, тогаш како можете да не му ја предадете стоката за која платил во готово? Ова е присвојување.“

На прашањето: „Дали Турција може да одигра посредничка улога во намалувањето на тензиите во односите меѓу САД и Иран?“, претседателот Ердоган одговори:

„На средбата со јапонскиот премиер, Абе ме праша дали би можеле да бидеме на иста страна во еден ваков случај? Мојот одговор гласеше: Зошто да не. Можам да остварам средби како со иранскиот претседател Хасан Рухани така и со духовниот лидер ајатолахот Али Хамнеј. Ако кажете заедно, можеме да бидеме и заедно.“



Слични вести