Алтун: „Продолжуваме со објаснувањето на вистинското лице на терористичката организација ФЕТО“

Документарниот филм „The Network“ кој го изнесува вистинското лице на ФЕТО по Брисел ќе биде прикажан во Франција, Британија, Северна Македонија, Германија, Босна и Херцеговина, Албанија, Казахстан, САД, Јужна Африка, Киргистан, Италија и Косово

1229755
Алтун: „Продолжуваме со објаснувањето на вистинското лице на терористичката организација ФЕТО“

Претседателот на Управата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун рече дека продолжуваат да го објаснуваат крвавото лице на терористичката организација Ѓуленовци (ФЕТО).

Фахретин Алтун на профилот преку социјалната мрежа објави порака во врска со документарниот филм „The Network“ кој беше подготвен од страна на ТРТ Ворлд, во кој се раскажува подмолната мрежа на терористичката организација ФЕТО и кој првпат беше прикажан во Брисел.

Алтун во објавата истакна:

„Продолжуваме со објаснувањето на вистинското лице на терористичката организација ФЕТО“.

Документарниот филм „The Network“ кој го изнесува вистинското лице на ФЕТО која организација претставува закана за сите земји во коишто делува, по Брисел ќе биде прикажан во Франција, Британија, Северна Македонија, Германија, Босна и Херцеговина, Албанија, Казахстан, САД, Јужна Африка, Киргистан, Италија и Косово.

„Документарниот филм „The Network“ ја дешифрира организационата структура на подмолната терористичка организација која ја формираше во странство во голема тајност и под различни маски, а исто така потенцира на заканата која ја предизвикува за светот“ рече Алтун.

Во објавата на Алтун се наоѓа и едно промотивно видео на документарниот филм.

Документарниот филм „The Network“ на 8 јули ќе се прикажува во Парис и Лондон, на 9 јули во СКопје, на 10 јули во Берлин, Сараево и Тирана, на 11 јули во Скадар, Нур Султан и Љујорк, на 12 јули во Јоханесбург, на 13 јули во Бишкек, на 14 јули во Рим и Приштина, на 15 јули во Милано.

На 14 јули во Њујорк се планира документарниот филм да биде прикажан по втор пат.



Слични вести