Полициите на Турција и Иран потпиша меморандум за соработка

Со Меморандумот за соработка се предвидува заедничка борба меѓу Турција и Иран против тероризмот, илегалната трговија и криумчарење со дрога и опојни средства како и илегалните имиграции

1229107
Полициите на Турција и Иран потпиша меморандум за соработка

Безбедносните служби на Турција и Иран потпишаа Меморандум за безбедносна соработка во борбата против терористичките организации, незаконската трговија со дрога и опојни средства и илегална имиграција како и воспоставување на безбедноста.

Генералниот директор на полицијата Џелал Узункаја во рамките на псоетата на Техеран оствари средба со командантот на полицијата на Иран генералот Хусејин Ештери.

По разговорите меѓу делегациите на двете земји со кои претседаваа, а на кои беа разменети мислења во врска со безбедносните прашања, борбата против тероризмот и илегалните премини преку границите, Узункаја и Ештери го потпишаа Меморандумот за соработка со кој се предвидува заедничка борба меѓу Турција и Иран против тероризмот, илегалната трговија и криумчарење со дрога и опојни средства како и илегалните имиграции.

Генералниот директор на полицијата Узункаја во изјавата за печатот по свеченото потпишување на меморандумот рече дека постигнале согласност за унапредување на соработката меѓу полициите на Турција и Иран која датира од минатото и во тие рамки го потпишале протоколот со кој се официјализира истата.



Слични вести