Во операциите во Турција во јуни (2019) се неутрализирани 166, а за 6 месеци вкупно 649 терористи

Во реализираните операции во Турција во месец јуни (2019) се неутрализирани 166, а за 6 месеци, во периодот јануари-јуни вкупно 649 терористи

1228833
Во операциите во Турција во јуни (2019) се неутрализирани 166, а за 6 месеци вкупно 649 терористи
tsk pkk operasyon.jpg
ismail catakli.jpg

Во реализираните операции за воспоставување на безбедноста внатре во границите на земјата во месец јуни (2019) се неутрализирани вкупно 166 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли на одржаниот месечен состанок за информирање соопшти дека во реализираните операции во периодот јануари-јуни, за 6 месеци во оваа (2019) година, се неутрализирани вкупно 649 терористи.

Чатакли истакна дека во месец јуни во руралните подрачја во земјата се реализирани вкупно 12.070 рурални операции од кои 3 од голем обем и 61 од среден обем, а во градовите се реализирани вкупно 1.212 операции.

Исмаил Чатакли напомена дека во овие операции за еден месец (во јуни) се неутрализирани вкупно 166 терористи од кои еден во категоријата означена со црвена боја, двајца во категоријата со портокалова боја и 9 во категоријата означена со сива боја во списокот на барани терористи на Министерството за внатрешни работи.

„Кога ќе се погледне кон распределбата, 94 се припадници на ПКК/КЏК, 67 на ДЕАШ и 5 мина припадници на екстремни левичарски терористички организации.“ - рече Тој.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли истакна дека во реализираните операции во месец јуни се доведени во неупотреблива состојба 38 засолништа/скривници/пештери и се запленети 115 парчиња оружје од кои 70 од тешко и автоматско наоружување, како и големи количини муниција.

Чатакли информира дека во реализираните операции за 6 месеци, во периодот јануари-јуни пак, се доведени во неупотреблива состојба 773 засолништа, а се запленети и 711 парчиња оружје и големи количини муниција.



Слични вести