Реакција од Турција во врска со паднатата залутана ракета во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој даде изјава во врска со залутаната ракета која падна и експлодираше на територијата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), во близина на селото Ташкент, во областа помеѓу главниот град Лефкоша и градот Гирне

1228432
Реакција од Турција во врска со паднатата залутана ракета во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Турција истакна дека во врска со ракетата која што падна и експлодираше на територијата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) биле информирани Обединетите нации (ОН) и земјите поврзани со случајот.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој даде изјава во врска со залутаната ракета која вчера падна и експлодираше на територијата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), во близина на селото Ташкент, во областа помеѓу главниот град Лефкоша и градот Гирне.

Велејќи дека во експлозијата и пожарот до кои што дојде по падот на залутаната ракета не дојде до човечки загуби и не беше причинета материјална штета, Аксој рече: „Го изразуваме нашето жалење до владата и народот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Инцидентот, од страна на органите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е доставен до Обединетите нации (ОН) и до поврзаните земји, а овие иницијативи се поддржуваат и од наша страна.“

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар претходно изјави дека паднатиот предмет е ракета од типот С-200 и наведе дека се претпоставува оти ракетата била истрелана за време на израелско-сириската затегнатост од страна на ракетно-одбранбениот систем на управата во Дамаск и по грешка паднала на островот.

Во врска со гласините дека паднатиот предмет содржел отровен гас или хемиска супстанција, премиерот Ерсин Татар не станува збор за било каков отровен гас или хемиска супстанција и потсети дека тоа е потврдено и од страна на Генералштабот.



Слични вести