Претседателот Ердоган пристигна во официјална посета на Кина

Претседателот Ердоган во Пекинг беше пречекан од страна на амбасадорот на Турција во Кина Абдулкадир Емин Онен, заменик кинескиот министер за надворешни работи Лиу Ксинфа, амбасадорот на Кина во Турција Денг Ли и други високи функционери

1228638
Претседателот Ердоган пристигна во официјална посета на Кина
erdogan cin.jpg
erdogan cin1.jpg
 erdoğan_2019-07-02 (1).png

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги заврши своите средби и разговори во Јапонија каде што престојуваше по повод лидерскиот самит на Г-20 и оттука допатува во официјална посета на Кина.

Ердоган на меѓународниот аеродром во главниот град Пекинг беше пречекан од страна на амбасадорот на Турција во ПекингАбдулкадир Емин Онен, заменик кинескиот министер за надворешни работи Лиу Ксинфа, амбасадорот на Кина во Анкара Денг Ли и други високи функционери.

Заедно со претседателот Ердоган за Пекинг отпатуваа и неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерката за трговија Рухсар Пекџан,  потпретседателот на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) Џевдет Јилмаз, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун и портпаролот во кабинетот на претседателството Ибрахим Калин.

Претседателот Ердоган во рамките на свооите средби и разговори во Пекинг ќе се состане со кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Двајцата лидери по средбата лице в лице ќе претседаваат со состанокот помеѓу делегациите на двете земји.

Едната од значајните точки на дневниот ред на разговорите ќе биде и проектот „Еден појас еден пат“ кој што ќе биде ставен во примена во 2017 година.

На разговорите воедно ќе бидат разгледани и билатералните и економските односи помеѓу двете земји.

За време на оваа посета се очекува претседателот Ердоган да оствари разговори кои што ќе бидат посветени на актуелни регионални и меѓународни прашања и кои што ќе овозможат да бидат водени кон уште понапред билатералните односите помеѓу двете земји.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува и на свечената вечера која што ќе биде приредена во негова чест од страна на кинескиот претседател Ши Џинпинг.



Слични вести