Претседателот Едоган: На Турција и Кина им припаѓаат големи одговорности во новиот светски систем

Претседателот Ердоган истакна дека на Турција и Кина им припаѓаат големи одговорности во овој период кога почна да се појавува нов светски систем

1228564
Претседателот Едоган: На Турција и Кина им припаѓаат големи одговорности во новиот светски систем

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред да ја започне својата официјална посета на Народна Република Кина напиша статија за весниците „Global Times“ кој се објавува во оваа земја на англиски јазик и „Huánqiú Shíbào“ кој се објавува на кинески.

Претседателот Ердоган во оваа своја статија напиша дека Турција и Кина ја споделуваат истата визија, го нагласи значењето на турско-кинеските односи и истакна дека на Турција и Кина им припаѓаат големи одговорности во овој период кога почна да се појавува нов светски систем.  

„Ние како Турција ја споделуваме истата визија со Кина во сфери како што се одбраната на светскиот мир, безбедноста и стабилноста, поттикнувањето на мултилатераноста и продолжувањето на слободната трговија.“ - порача Ердоган.

Велејќи дека Турција и Кина во споредба со западните земји почнаа подоцна да се равиваат, Ердоган привлече внимание дека и двете земји имаат за цел разликата во развојот која што постои да ја надминат во 21-от век.

Тој истакна дека активностите кои што се водат во правец на целта за „1 милион кинески туристи“ која што ја поставиле заедно со кинескиот претседател Ши Џинпинг, ќе ги водат односите помеѓу двете земји кон уште понапред.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно даде интервју и за кинеската новинска агенција Шинхуа и истакна дека Турција е една од земјите кои даваат поддршка на иницијативата на Кина „Појас и пат“, а воедно напомена дека е постигната согласност и по прашањето на урамнотежено зголемување на обемот на трговската соработка помеѓу двете земји.

Ердоган ги повика кинеските бизнисмени да инвестираат во Турција, го изрази задоволството од тоа што турските производи наоѓаат свое место на кинескиот пазар и додаде дека се работи на заживување на разговорите на високо ниво помеѓу двете земји во секоја сфера.

„Верувам дека со зачестување на овие контакти и консултации со нашите кинески пријатели, заедно ќе станеме сведоци на развојот на нашите односи со сите нивни поединости во политиката, трговијата и културата. Сметам дека најдобриот пат кој што треба да се следи е да се зголеми комуникацијата помеѓу Кина и Турција, како две водечки актери во период на раст на неизвесноста на глобалните пазари.“ - додаде Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган подвлече дека за време на своите средби и разговори во Кина освен билатералните односи, ќе бидат разгледани и актуелни региомнални и меѓународни прашања.



Слични вести