Остри реакции од потпретседателот Октај и портпаролот Челик кон Либија

Воспоставен е контакт со турските граѓани во Либија и според информациите , здравствената состојба на нашите граѓани е добра

1227724
Остри реакции од потпретседателот Октај и портпаролот Челик кон Либија
omer celik.jpg

Потпретседателот на државата Фуат Октај рече дека во случај илегалните милициски сили на Хафтер во Либија под итно не ги пуштат турските државјани, последиците ќе бидат тешки.

Во изјавата за печатот во врска со прашањето, потпретседателот Октај рече дека „уште од првиот момент кога беа приведени турските граѓани, согласно директивите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Министерството за надворешни работи, Амбасадата на Турција во Либија  и сите надлежни и инволвирани единици многу внимателно и со голема чувствителност продолжуваат со активностите.

Во тие рамки беше воспоставен контакт со турските граѓани во Либија и според информациите кои ги добивме, здравствената состојба на нашите граѓани е добра,“ рече Октај.

„Сите установи на државата работат со големо чувствителност за што поскоро пуштање на слобода на нашите граѓани кои беа притворени од страна на Либија. Во случај не бидат пуштени нашите граѓани, тогаш сите учесници во нивното притворање ќе бидат легитимна цел и ќе сносат тешки последици. Република Турција со сите свои установи е одлучна во заштитата на безбедноста и првата на своите граѓани без оглед на тоа каде се наоѓаат“, рече Октај.

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) Омер Челик својата реакција во врска со случувањата во Либија ја изнесе преку профилот на твитер.

Челик во објавата истакна дека нашите 6 граѓани ги приведоа на разбојнички начин. Затоа бараме веднаш да ги пуштат на слобода нашите граѓани.

Никој не треба да го избере непријателството и омразата кон Турција како начин на однесување. Турција секогаш посака мир и благосостојба за Либија. Иднината сакаме да донесе спокојство, благосостојба и мир. Турција секогаш беше против и продолжува да се бори против беззаконието во Либија“, рече Челик.



Слични вести