Ослободени 6-те турски државјани кои беа држени од страна на силите на Халифа Хафтар во Либија

Според добиени информации од дипломатски извори, биле ослободени 6-те турски државјани, морнари, кои беа држени од страна на силите на Халифа Хафтар во Либија

1228012
Ослободени 6-те турски државјани кои беа држени од страна на силите на Халифа Хафтар во Либија

Ослободени се 6-те турски државјани кои беа држени од страна на силите на Халифа Хафтар во Либија.

Според добиени информации од дипломатски извори, биле ослободени 6-те турски државјани, морнари, кои беа насилно однесени од бродот на кој работеле, од страна на силите на генералот Халифа Хафтар во Либија.

Исти извори пренесуваат дека турските работници заедно со сопствениците на либиската ифрма за која работеле се вратиле на бродот и дека одлучиле по сопствена желба да продолжат да работат.

Инаку, по задржувањето на 6-те турски државјани од страна на силите на Хафтар, Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со предупредување во кое го истакна следното: „Држењето на 6-те наши државјани од страна на илегалните милициски сили на Хафтар во Либија, е чин на разбојништо и пиратство. Очекуваме итно солободување на нашите граѓани. Во спротивно елементите на Хафтар ќе бидат доведени во состојба на легитимна цел.“



Слични вести