Министерот Хулуси Акар во Токио се состана со својот јапонски колега Такеши Иваја

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Токио се состана со својот јапонски колега, министерот за одбрана Такеши Иваја

1228156
Министерот Хулуси Акар во Токио се состана со својот јапонски колега Такеши Иваја

Според објавеното соопштение преку сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер, министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој го придружуваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на неговата програма на лидерскиот самит на Г-20 во градот Осака, во Јапонија, заедно со делегацијата отпатува за главниот град Токио.

Овде министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со својот јапонски колега Такеши Иваја од чија страна беше пречекан со воена церемонија.

Министерот Акар ја поздрави почесната гарда и потоа заедно со својот јапонски колега Такеши Иваја претседаваа со меѓуделегациските разговори.

На разговорите беа разгледани прашања посветени на соработката во одбраната и безбедноста помеѓу двете земји.



Слични вести