Претседателот Ердоган по Самитот на Г-20 во Осака отпатува за Кјото

Претседателот Ердоган заедно и со својата сопруга Емине Ердоган и голем број министри во градот Кјото ја посети изложбата на тема "Ризници и традицијата на лале во Османлиската Империја"

1227361
Претседателот Ердоган по Самитот на Г-20 во Осака отпатува за Кјото
erdogan.jpg
Altes Prenses Akiko.jpg
erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги заврши своите средби и разговори во јапонскиот град Осака каде што учествуваше на лидерскиот самит на Г-20 и оттука по магистрален пат отпатува за градот Кјото. 

Овде претседателот Ердоган ја посети изложбата на тема "Ризници и традицијата на лале во Османлиската Империја". 

Пред музејот во Кјото претседателот Ердоган беше пречекан од страна на принцезата Акико како и голем број Јапонци со кои се поздрави.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган заедно со неговата сопруга Емине Ердоган и принцезата Акико ја прошета изложбата каде што беше информиран од страна на надлежните во врска со предметите во рамките на изложбата.

За време на оваа посета претседателот Ердоган освен од неговата сопруга Емине Ердоган беше придружуван и од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерката за трговија Рухсар Пекџан, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун и портпаролот во кабинетот на претседателството Ибрахим Калин. 

Претседателот Ердоган по посетата на изложбата на тема "Ризници и традицијата на лале во Османлиската Империја", во Националниот музеј за модерна уметност на Кјото се состана со принцезата Акико. 

На средбата затворена за медиумите присуствуваа и неговата сопруга Емине Ердоган и министерот за трезор и финансии Берат Албајрак.



Слични вести