Средба помеѓу Ердоган и Путин во Осака-Јапонија

Претседателот Ердоган истакна дека не станува збор за било каков застој во договорот за противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400

1227105
Средба помеѓу Ердоган и Путин во Осака-Јапонија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на своите средби и разговори во Саемскиот центар INTEX во Осака во Јапонија каде што се одржува лидерскиот самит на Г-20, се состана со рускиот претседател Владимир Путин. 

На почетокот на средбата претседател Ердоган даде куса изјава и истакна дека е доловена сериозна брзина во односите помеѓу двете земји. 

Ердоган напомена дека не станува збор за било каков застој во договорот за противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400.

"Особено во врска со испораката на С-400 од нашата соработка, за тоа разговаравме и во Душанбе, како што и се договоривме моментално го следиме текот на патната карта. Познато е дека за нас е приоритетно да се унапреди на начин со кој што ќе биде опфатен и трансферот на технологија на чело со заедничкото производство. Моментално не станува збор за било каков застој, се се одвива како што е договорено и се наоѓаме во процес на испорака." - порача претседателот Ердоган. 

Потсетувајќи дека состанокот на мешовитата комисија помеѓу Турција и Русија во наредниот период ќе се одржи во Турција, Ердоган рече: "Во туризмот, навистина особено заинтересираноста на руските граѓани кон Турција со секој поминат ден се повеќе се зголемува. Тоа секако претставува посебен извор на сила и за нашиот народ и за нашите туристички работници."

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и следното: "Позначајно и од тоа, за нас е од мошне големо значење да ја доловиме целта за ставање во употреба во 2023 година на првата единица на Централата за нуклеарна моќ Аккују. Освен тоа му придаваме знечење и на прашањето за набавка од пазарот на Турција на материјалите кои што не се нуклеарни. Информиран сум дека како резултат на постигнатиот договор на 8. состанок на Советот за консултации на високо ниво се започнати техничките работи во врска со пасошите. Очекуваме и тоа да се реши во кусо време. Заедно со тоа се уште не сме на посакувана точка по прашањето на визната либерализација (безвизниот режим). Доколку го забрзаме тоа ќе бидеме многу повеќе задоволни."



Слични вести