Претседателот Ердоган порача од Г-20: Сите држави треба да ја покажат доблеста тероризмот да го наречат „тероризам“

Претседателот Ердоган од самитот Г-20 во Осака-Јапонија рече: „Тероризмот е заеднички непријател на целото човештво и на човечките вредности. Затоа сите држави веќе треба да ја покажат доблеста тероризмот да го наречат 'тероризам' .“

1227321
Претседателот Ердоган порача од Г-20: Сите држави треба да ја покажат доблеста тероризмот да го наречат „тероризам“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со лидерскиот самит на земјите од Г-20 говореше на прес конференцијата што се одржа во Саемскиот центар INTEX во градот Оска во Јапонија.

Ердоган истакна дека некои немаат право да интервенираат на суверените права на Турција и напомена дека тоа треба да го знае секој.

Претседателот Ердоган ја нагласи потребата да се побара сметка од одговорните за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и рече: „Приоритетна задача на меѓународната заедница е да побара смета од сите оние кои се одговорни за убиството на Кашикчи (Кашоги), од најодзгоре до најдолу. Местото каде што треба да бидат изнесени пред суд (процесуирани) е Истанбул. Бидејќи, кривичното дело е извршено во Истанбул.“

Ердоган порача: „Развиените западни држави кои подготвуваат книшки за другите земји по прашањето на човековите права, за жал не можеа да го поминат испитот по фундаментални човекови права.“

Во врска со прашањето на бегалците, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Рековме дека за да би можела Турција да ја продолжи помошта и да доставува услуги, меѓународната заедница треба да го сподели товарот.“

Ердоган ја нагласи потребата од водење борба против тероризмот и рече: „Тероризмот е заеднички непријател на целото човештво и на човечките вредности. Затоа сите држави веќе треба да ја покажат доблеста тероризмот да го наречат 'тероризам' .“

„Сметката за заштитата под рувото на 'политички баратели на азил' на пучистите припадници (на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО од 15 јули 2016 година) и нивното искористување, ќе биде тешка за целото човештво.“ - рече Тој. 

Претседателот Ердоган го подвлече и следното: „Кога е во прашање Турција, оние кои дискутирањето за осудување на смрт на пучистите го сметаат за неприфатливо, за жал не го креваат својот глас пред егзекуциите (смртните казни) во Египет.“

Во врска со смртта на првиот претседател на Египет Мурси кој беше избран со демократски методи, Ердоган рече: „Не треба да се дозволи да отпаднат од дневен ред ниту убиството на Кашикчи (Кашоги), ниту смртта на претседателот Мурси исполнета со сомнителност.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осврна и на структурата на Обединетите нации (ОН) при што подвлекувајќи ја потребата од промени ја изнесе следната констатација: „Нема да биде во право една ваква структура која што е воспоставена во услови на Втората светска војна да продолжи вечно.“

По прашањето на набавката на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 од Русија, Ердоган рече: „(С-400) се во процес на предавање и на една држава како Турција не ѝ доликува да негира еден ваков договор во процес на испорака, оваа работа е завршена. Нашите надлежни органи ја дадоа изјавата околу тоа дека 'во првата половина на месец јули испораката ќе започне' и моментално очекувањето е во таа насока.“

Во врска со прашањето на санкции пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп денеска донесе појаснување во врска со ова прашање. Од него лично го слушнавме и тоа дека нема да дојде до такво нешто.“



Слични вести