Претседателот Ердоган ја прими Меркел во Осака-Јапонија

Претседателот Ердоган на маргините на самитот на Г-20 во јапонскиот град Осака ја прими германската канцеларка Ангела Меркел

1227108
Претседателот Ердоган ја прими Меркел во Осака-Јапонија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Осака Јапонија каде што престојува по повод лидерскиот самит на Г-20 во рамките на своите средби и разговори кои што ги остварува овде, ја прими германската канцеларка Ангела Меркел. 

Приемот се одржа во Саемскиот центар INTEX во Осака каде што се одржува самитот, беше затворен за медиумите и траеше приближно 25 минути.

На приемот присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу,  министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун, портпаролот во кабинетот на претседателството Ибрахим Калин и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан.



Слични вести