Билатерални средби на претседателот Ердоган на Самитот на Г-20 во Осака-Јапонија

Претседателот Ердоган на маргините на лидерскиот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака го прими генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес

1227275
Билатерални средби на претседателот Ердоган на Самитот на Г-20 во Осака-Јапонија
guterres-erdogan.jpg
may-erdogan
erdogan-merkel
erdogan-widodo
erdogan-modi.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги продолжува своите билатерални средби со лидерите кои учествуваат на Самитот на Г-20 во јапонскиот град Осака. 

Претседателот Ердоган го прими генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес. 

Приемот се одржа во Саемскиот центар INTEX во Осака каде што се одржува и самитот и траеше приближно 20 минути.

Потоа Ердоган ја прими и британската премиерка Тереза Меј. 

Приемот во Саемскиот центар INTEX траеше приближно 45 минути, а присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун, портпаролот во кабинетот на претседателството Ибрахим Калин и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на своите билатерални средби на маргините на самитот на Г-20 во јапонскиот град Осака ја прими и германската канцеларка Ангела Меркел. 

Приемот во Саемскиот центар INTEX во Осака беше затворен за медиумите и траеше приближно 25 минути.

Претседателот Ердоган се состана и со претседателот на Индонезија Јоко Видодо. 

Приемот во Саемскиот центар INTEX во Осака беше затворен за медиумите и траеше приближно 35 минути. 

Претседателот Ердоган го прими и идискиот премиер Нарендра Моди. 

Приемот се одржа во Саемскиот центар INTEX во Осака, беше затворен за медиумите и траеше приближно половина час.



Слични вести