Турската артилерија одговори жестоко на нападот на режимските сили врз набљудувачкиот пункт во Идлиб

Министерството за национална одбрана соопшти дека по нападот на режимските сили врз набљудувачкиот воен пункт на Турција број 10 во подрачјето на Идлиб, беше отворен жесток артилериски оган врз позициите на режимските сили од каде што беше извршен нападот

1226863
Турската артилерија одговори жестоко на нападот на режимските сили врз набљудувачкиот пункт во Идлиб

Од областа под контрола на режимските сили на Сирија вчера беа истрелани топовски гранати со хаубица врз набљудувачкиот пункт на Турција број 10 во „Зоната за намалување на загетнатоста во Идлиб“.

Во нападот загина еден турски војник, а тројца војници беа ранети.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека по овој напад бил отворен жесток артилериски оган врз позициите на режимските сили.

Во соопштението на министерството се вели следното: „Во врска со нападот, воениот аташе на Русија во Анкара беше повикан во генералштабот и беа преземени неопходните иницијативи кај Русија која беше информирана дека извршените напади ќе бидат најтешко казнети.“



Слични вести