Самитот на Г-20 започна со сликање семејна фотографија

Ердоган оствари пријателски разговори со Трамп, Путин и Макрон

1226598
Самитот на Г-20 започна со сликање семејна фотографија
erdogan g20-2.jpg
erdogan g20-1.jpg
erdogan g20-2.jpg
erdogan g20-1.jpg

Самитот на лидерите на Г-20 што се одржува под покровителство на Јапонија во градот Осака, започна со пречекот на јапонскиот премиер Шинзо Абе на гостите и сликање семејна фотографија.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на фотографијата со американскиот претседател Доналд Трамп дадоа поза со покажување на прстите дека се е  „океј“.

Претседателот на Управата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун во објавата преку профилот на твитер сподели фотографии од Самитот на лидерите на Г-20 на кои може да се види како претседателот Ердоган разговара со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот Ердоган во еден момент за време на искрениот разговор што се водеше, раката ја фрли на рамото на Макрон.

Нешто потоа Ердоган заедно со лидерите учествуваа на панелот „Дигитална економија“. По оваа активност, лидерите преминаа на работен ручек.

Претседателот Ердоган пред ручекот оствари пријателски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Одразот на искреноста и блискоста на разговорот може да се види на фотографиите и камерите.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и министерот за државен трезор и финансии Берат Албајрак беа веднаш до двајцата  лидери.

Претседателот Ердоган паралелно со активностите на Самитот почна со билатералните средби.

Ердоган првата средба ја оствари со претседателот на Светската банка Дејвид Малпас. Средбата траеше половина час.

По средбата со Малпас, претседателот Ердоган оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Средбата беше затворена за печатот и траеше еден час.

На средбата учествуваа министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, министерот за државен трезор и транспорт Берат Албајрак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и портпаролот на претседателството Ибрахим Калин.



Слични вести