За една недела кај Тунџели се неутрализирани 11 терористи на ПКК меѓу кои и водечки личности

Во реализирани операции во последната една недела во подрачјето на градот Тунџели во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани 11 терористи меѓу кои се наоѓаат и челници т.н. високи одговорни личности на терористичката организација

1226266
За една недела кај Тунџели се неутрализирани 11 терористи на ПКК меѓу кои и водечки личности

Успешно продолжуваат операциите на Турските вооружени сили (ТВС) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, како внатре во границите на земјата, така и надвор од земјата преку границата.

Во реализираните операции во последната една недела во подрачјето на градот Тунџели во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани 11 терористи.

Во објавеното соопштение од губернијата на Тунџели се укажува на тоа дека меѓу овие неутрализирани терористи се наоѓаат и челници т.н. високи одговорни личности на терористичката организација. 

Во соопштението се истакнува дека едниот од наведените неутрализирани терористи се наоѓал во категоријата означена со портокалова боја во списокот на барани терористи по кого е распишана награда од 600 илјади турски лири (приближно 105 илјади долари), а четворица биле во категоријата означена со сива боја во истиот список по кои била распишана награда од по 300 илјади турски лири (приближно 52 илјади долари).

Во соопштението се истакнува дека во операциите се запленети и големи количини оружје и муниција на терористите.

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се вели дека во реализирани воздушни операции на областите Хакурк и Зап во северниот дел на Ирак координирано и со операцијата „Шепа“ („Pençe“), се неутрализирани уште двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести