Турција остро ги осуди терористичките напади во Тунис

Во соопштението на МНР се истакнува дека со жалење е дознаено за веста за двата ивршени самоубиствени бомбашки напади во Тунис чија цел беа едно полициско патролно возило и една полициска станица, а во кои загина еден полицаец, а 8 лица се ранети

1226415
Турција остро ги осуди терористичките напади во Тунис

Турција остро ги осуди извршените терористички напади денеска на една полициска станица и едно полициско патролно возило во главниот град на Тунис.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за веста за двата ивршени самоубиствени бомбашки напади во Тунис чија цел беа едно полициско патролно возило и една полициска станица која била користена од страна на жандармеријата.

Во соопштението се употребува изразот „Жестоко ги осудуваме овие терористички акции“ и се изразува сочувство до семејствата на загинатите во нападите, до тунискиот народ и туниската влада, а на ранетите им се осакува побрзо оздравување.

Во соопштението се вели следното: „Ќе продолжиме да бидеме во целосна солидарност со братскиот туниски народ, пред овие терористички напади кои целат кон стабилноста на Тунис.“

Инаку, денеска во главниот град на Тунис беа извршени два едновремени самоубиствени напади во кои според првични добиени информации загина еден полицаец, а 8 лица се ранети од кои 5 полицајци.



Слични вести