Претседателот Ердоган замина за јапонскиот град Осака за лидерскиот самит на Г-20

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утрово пристигна во Осака каде што на аеродромот Кансаи беше пречекан од страна на заменик јапонскиот министер за надворешни работи Кенџи Јамада, амбасадорот на Турција во Токио Мурат Мерџан и други високи функционери

1225884
Претседателот Ердоган замина за јапонскиот град Осака за лидерскиот самит на Г-20
erdogan osaka.jpg
erdogan japonya.jpg
erdogan japonya1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера вечер замина за јапонскиот град Осака каде што ќе учествува на лидерскиот самит на земјите од групата Г-20, составена од 20 индустриски најразвиени земји и држави со забрзан економски развој.

Претседателот Ердоган утрово пристигна во Осака каде што на аеродромот Кансаи беше пречекан од страна на заменик јапонскиот министер за надворешни работи Кенџи Јамада, амбасадорот на Турција во Токио Мурат Мерџан и други високи функционери.

Претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган која го придружува за време на овој настан, во хотелот каде што ќе престојуваат беа дочекани со традиционална јапонска облека кимоно која што е специјално подготвена за Турција за Олимписките игри во 2020.

На лидерскиот самит на Г-20 што ќе се одржи на 28 и 29 јуни (утре и задутре) во градот Осака се очекува прашањето со противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 да биде едно од најзначајните прашања на дневниот ред.

Имено, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред предавањето на ракетните системи во рамките на самитот ќе оствари средба лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин, а ќе има средба и со американскиот претседател Доналд Трамп.

На средбите ќе бидат разгледани детално и голем број регионални прашања на чело со Сирија.

Во тие рамки, Ердоган на средбата што ќе ја оствари со американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара директно лице в лице во однос на проблематичните прашања помеѓу двете земји, а пред се прашањето со противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по самитот на Г-20 во градот Осака, ќе оствари средби и разговори и во главниот град на Јапонија, Токио.

 



Слични вести