Претседателот Ердоган, почесен доктор на науки на Женскиот универзитет Мукогава во Јапонија

На претседателот Ердоган во Осака каде што престојува по повод лидерскиот самит на Г-20 му е врачена титулата почесен доктор на науки на Женскиот универзитет Мукогава

1226197
Претседателот Ердоган, почесен доктор на науки на Женскиот универзитет Мукогава во Јапонија
erdogan osaka fahri doktora.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утрово допатува во јапонскиот град Осака каде што ќе учествува на лидерскиот самит на земјите од групата Г-20, составена од 20 индустриски најразвиени земји и држави со забрзан економски развој.

На Ердоган кој ги започна своите посети и разговори во Осака му е врачена титулата почесен доктор на науки на Женскиот универзитет Мукогава.

Во говорот што го одржа овде во ова пригода, претседателот Ердоган се осврна на прашањето со бегалците и ги критикуваше европските земји.

Велејќи дека им беа отворени вратите и беа згрижени без правење на било каква разлика приближно 4 милиони бегалци од кои повеќе од 3,6 милиони Сиријци и останатите Ирачани и Авганистанци кои навалија на границите на Турција, претседателот Ердоган рече: „И покрај некои ние го направивме тоа. Голем број наши соседи од Запад претпочитаа да се скријат зад високи ѕидови, зад бодликави жици. За жал не беа доволни некои да преминат во акција ниту пред криковите на мајките и таковците прегрнувајќи ги мртвите тела на своите чеда, ниту пред снимките со измачувања од затворите кои што беа прикажувани, ниту пред солзите на невините деца.“

„Независно од условите ние како Турција ќе продолжиме да им излегуваме во пресрет и да застануваме во одбрана на угнетените и ранливите луѓе без оглед на нивната етничка припадност, нивното верување и бојата на нивната кожа.“ - порача Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор исто така истакна дека ќе се истражуваат и испитуваат 80 женски универзитети во Јапонија и ќе бидат фрлени чекори  за фомирање на такви универзитети и во Турција .

Инаку, на лидерскиот самит на Г-20 што ќе се одржи на 28 и 29 јуни (утре и задутре) во градот Осака се очекува прашањето со противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 да биде едно од најзначајните прашања на дневниот ред.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред предавањето на ракетните системи, во рамките на самитот ќе оствари средба лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин, а ќе има средба и со американскиот претседател Доналд Трамп.

На средбите ќе бидат разгледани детално и голем број регионални прашања на чело со Сирија.

Во тие рамки, Ердоган на средбата што ќе ја оствари со американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара директно лице в лице во однос на проблематичните прашања помеѓу двете земји, а пред се за прашањето со противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по самитот на Г-20 во градот Осака, ќе оствари средби и разговори и во главниот град на Јапонија, Токио.



Слични вести