Повик од Турција за поддршка на предлозите на Каламард во врска со убиството на новинарот Кашикчи

Постојаниот претставник на Турција во канцеларијата на ОН во Женева амбасадорот Садик Арслан упати повик за поддршка на предлозите внесени во извештајот на специјалната известувачка Каламард во врска со убиството на саудискиот новинар Кашикчи (Кашоги)

1225822
Повик од Турција за поддршка на предлозите на Каламард во врска со убиството на новинарот Кашикчи

Постојаниот претставник на Турција во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева амбасадорот Садик Арслан говореше на 41'та седница на Советот на Обединетите нации (ОН) за човекови права која што продолжува во канцеларијата на организацијата во швајцарскиот град Женева.

Амбасадорот Арслан во своето излагање упати повик за поддршка на предлозите внесени во извештајот на специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за вонсудски и произволни убиства Агнес Каламард во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги). 

Садик Арслан го изрази задоволството на Турција од извештајот кој што беше соопштен минатата недела од страна на специјалната известувачка Каламард и кој вчера беше доставен до Советот на Обединетите нации (ОН) за човекови права, а воедно ја достави својата благодарност до Каламард од чија страна се води истрагата за меѓународни човекови права во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Укажувајќи на тоа дека истрагата на Каламард влева надеж во однос на прашањето дека ќе се овозможи да полагаат сметка извршителите на ова „грозоморно убиство“, Арслан напомена дека за време на посетата на специјалната известувачка Агнес Каламард на Турција турските функционери вложија големи напори за да би била продуктивна оваа посета.

Тој нагласи дека турските органи им дадоа поддршка на Каламард и нејзината екипа и дека Турција и ги достави сите информации на специјалната известувачка во врска со убиството.

„Навистина ниту една земја не вложи напори колку Турција за обелоденување на ова убиство“ - рече постојаниот претставник на Турција во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева амбасадорот Садик Арслан и го додаде следното: „Силно ги поддржуваме прелдозите на Каламрд за задоволување на правдата и за да се овозможи да полагаат сметка извршителите на ова кривично дело. И за да би биле сигурни во тоа дека Кашикчи (Кашоги) почива во спокојство ги повикуваме сите земји членки на меѓународната заедница да ги поддржат овие предлози. Тоа претставува наш долг кон него (покојниот) и кон неговото тажно семејство.“

Амбасадорот Садик Арслан воедно го подвлече и тоа дека Турција ќе ја продолжи соработката за целосно расветлување на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).



Слични вести