Ердоган во интервју за Никеи: „Средбата со Трамп значајна за унапредување на односите“

Турција истовремено е и партнер во производството на борбените авиони Ф-35

1226094
Ердоган во интервју за Никеи: „Средбата со Трамп значајна за унапредување на односите“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Осака што ќе се оствари во рамките на Самитот на Г-20 рече дека има големо значење особено од аспект на надминувањето на проблемите и прашањата во билатералните односи.

Во интервјуто за јапонскиот весник „Никеи“ Ердоган рече дека средбата со Трамп е значајна за зајакнување на соработката.

Ердоган потсети дека во јули се очекува Трамп да ја посети Турција.

Одлуката за купување на воздушно-одбранбениот систем С-400 беше донесена согласно безбедносните потреби на Турција. ВО врска со прашањето ќе разговарам со Трамп на Самитот, рече Ердоган.

Надоврзувајќи се на проектот за борбените авиони Ф-35, претседателот Ердоган упати предупредување до американската администрација потенцирајќи го следното:

Турција истовремено е и партнер во производството. Во случај да преземат некој погрешен чекор и не извадат од проектот, прашањето ќе го доставиме до меѓународната арбитража, рече Ердоган.

Алудирајќи на тврдењата во врска со оддалечувањето на Турција од НАТО, претседателот Ердоган рече:

Турција е значаен актер во НАТО. Но факт е дека во 21 век, односите не можете да ги ограничите со одреден број земји.

Посочувајќи на разновидноста како богатство во надворешната политика, Ердоган рече дека турско-руските односи не се насочени против ниту една земја или организација.

Турција е значаен партнер на Европско-трансатлантскиот пакт, подвлече Ердоган.

Надоврзувајќи се на економските односи меѓу Турција и Јапонија Ердоган рече дека потпишувањето Договор за економско партнерство меѓу двете земји претставува приоритет во полето на турската економија. Исто така придаваме големо значење на развојот на односите во сферата на енергијата, рече Ердоган.



Слични вести