Ердоган: На остварените разговори со Трамп до денеска не се стекнав со впечаток на санкции

Претседателот Ердоган истакна дека на досегашните остварени разговори со американскиот претседател Доналд Трамп не се стекнал со впечаток дека САД ќе спроведат санкции врз Турција поради купените противвоздушно одбранбени ракетни системи С-400 од Русија

1225963
Ердоган: На остварените разговори со Трамп до денеска не се стекнав со впечаток на санкции

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера вечер пред да отпатува за јапонскиот град Осака каде што ќе учествува на лидерскиот самит на земјите од Г-20, а кој што ќе се одржи на 28 и 29 јуни (утре и задутре), на аеродромот Есенбога во Анкара одржа состанок за претставниците на печатот каде што даде значајни изјави.

Ердоган, во однос на тоа дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе спроведуваат санкции кон Турција поради купувањето на противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 од Русија, истакна дека на досегашните остварени разговори со американскиот претседател Доналд Трамп не се стекнал со таков впечаток.

На едно поставено прашање кој ќе биде „Б“ планот на Турција доколку се спроведат санкции од страна на САД, претседателот Ердоган појасни дека досега низа пати е истакнато дека по прашањето на С-400 веќе се наоѓаме во процес на нивно предавање.

Ердоган рече: „Турција е членка на НАТО. И Америка е членка на НАТО. Ако земјите членки на НАТО почнале да спроведуваат санкции една врз друга, за право не знам, меѓутоа моментално нашите односи со Америка се одвиваат во рамките на стратешко партнерство. Во разговорите кои што ги остварив до денеска со господинот Трамп никако не добив такви впечатоци, меѓутоа некои на подолните позиции изнесуваат такви работи.“

Велејќи дека во Осака на билатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп ќе се изнајде можност за повторно разгледување на прашањето со С-400, Ердоган напомена дека со американскиот претседател ќе направат проценка и на последната ситуација во Сирија.

„Не ги исполнија своите дадени ветувања (за Менбич). Моментално во Менбич се наоѓаат окупаторите (ЈПГ/ПКК) и ние сакаме овие окупатори брзо да се повлечат источно од Еуфрат. Ја следиме работата во Менбич, дадените ветувања треба да се одржат.“ - рече Ердоган. 

Во однос на донесената одлука во американскиот Сенат во врска со Источниот Медитеран пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека доколку прашањето биде поставено на дневен ред на самитот на Г-20 ќе биде разговарано и за тоа, и рече: „Меѓутоа, во овој регион постојат права со кои што располагаат Турција и Северен Кипар. Земјите чие име се наведува, до каде имаат свои права. Поготово какво право има таму Америка?“

Укажувајќи на тоа дека Турција располага со гаранторско право на Кипар, претседателот Ердоган го подвлече следното: „ На тој начин ние сме гарантори пред било каков напад врз Северен Кипар.“



Слични вести