Во вооружена престрелка со терористите на ПКК/ЈПГ во Африн во Сирија загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северниот дел на Сирија дојде до вооружена престрелка со група терористи на ПКК/ЈПГ во која еден турски војник загина, а 5 мина војници се ранети

1225538
Во вооружена престрелка со терористите на ПКК/ЈПГ во Африн во Сирија загина еден турски војник

Во вооружена престрелка со терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во Африн во северниот дел на Сирија еден турски војник загина, а 5 мина војници се ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северниот дел на Сирија дојде до вооружена престрелка со група терористи на ПКК/ЈПГ.

Притоа во судирот еден турски војник загина, а 5 мина турски војници се ранети.

Во соопштението на министерството се изразува сочувство за загинатиот војник, а на ранетите војници им се посакува побрзо оздравување.



Слични вести