Во сообраќајна несреќа кај градот Едирне загинаа 10 илегални имигранти, а 30 се повредени

Жандармериските екипи се обидоа да сопрат едно сомнително возило во населеното место Мерич кај градот Едирне кое пак почна да бега и во несреќата до која дојде притоа загинаа 10 лица, а 30 лица беа повредени 30 лица

1225463
Во сообраќајна несреќа кај градот Едирне загинаа 10 илегални имигранти, а 30 се повредени

Во сообраќајна несреќа на возило кое превезувало илегални имигранти во населеното место Мерич кај градот Едирне загинаа 10 лица, а 30 лица се повредени.

Жандармериските екипи се обидоа да сопрат едно сомнително возило во населеното место Мерич кај градот Едирне.

Меѓутоа, и покрај сите предупредувања возачот на возилото почна да бега.

Притоа возилото излезе од контрола на една главна раскрсница и удри во една зграда.

Во несреќата загинаа 10 лица, а беа повредени 30 лица кои се наоѓале во возилото.

Во врска со случајот е започната истрага.



Слични вести