Претседателот Ердоган денеска заминува за Јапонија за лидерскиот самит на Г-20

На самитот, се очекува прашањето со противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 да биде едно од најзначајните прашања на дневниот ред

1225596
Претседателот Ердоган денеска заминува за Јапонија за лидерскиот самит на Г-20

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска заминува за Јапонија каде што ќе учествува на лидерскиот самит на земјите од групата Г-20, составена од 20 индустриски најразвиени земји и држави со забрзан економски развој.

Лидерскиот самит на Г-20 ќе се одржи на 28 и 29 јуни во јапонскиот град Осака.

На самитот, се очекува прашањето со противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 да биде едно од најзначајните прашања на дневниот ред.

Имено, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред предавањето на ракетните системи на самитот ќе оствари средба лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин, а ќе има средба и со американскиот претседател Доналд Трамп.

На средбите ќе бидат разгледани детално и голем број регионални прашања на чело со Сирија.

Во тие рамки, Ердоган на средбата што ќе ја оствари со американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара директно лице в лице во однос на проблематичните прашања помеѓу двете земји, а пред се прашањето со противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по самитот на Г-20 во градот Осака, ќе оствари средби и разговори и во главниот град на Јапонија, Токио.



Слични вести