Претседателот Ердоган беше сведок на венчавката на турскиот борач репрезентативец Риза Кајаалп

На венчавката на турскиот борач репрезентативец и светски шампион Риза Кајаалп учествуваше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој беше сведок на брачниот пар

1225117
Претседателот Ердоган беше сведок на венчавката на турскиот борач репрезентативец Риза Кајаалп
FOTO_18772533_250620192200110000_R_GEN_20190625000000_aa-picture-20190625-18772533.jpg
FOTO_18772534_250620192200110000_R_GEN_20190625000000_aa-picture-20190625-18772534.jpg

Турскиот борач репрезентативец и светски шампион Риза Кајаалп склучи брак со Зејнеп Јилмаз. 

На венчавката учествуваше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој беше сведок на брачниот пар. 

Церемонијата на венчавање се одржа во Анкара и бракот беше склучен од страна на градоначалникот на Анкара Мансур Јаваш. 

На венчавката освен претседателот Ердоган, учествуваа и беа сведоци на брачниот пар и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТВММ) Мустафа Шентоп, потпретседателот Фуат Октај и министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу, како и поранешниот градоначалник на Анкара Мелих Ѓокчек и турскиот борач репрезентативец олимпискиот шампион Таха Акѓул.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му посака среќа и радост на брачниот пар и книшката за склучен брак ја предаде на невестата Зејнеп Јилмаз. 

 



Слични вести