Во воздушни операции на северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Во воздушни операции на бластите Хакурк и Метина во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1224920
Во воздушни операции на северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Во реализирани прекугранични воздушни операции координирано и со операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што продолжува успешно, на областите Хакурк и Метина во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

На тој начин бројот на неутрализираните терористи во последните два дена се зголеми на 9.

Во меѓувреме, продолжуваат да им се нанесуваат тешки удари на терористите и во рамките на операциите за воспоставување на безбедноста внатре во границите на земјата.

Во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани вкупно 7 терористи од кои двајца кај градот Дијарбакир, четворица кај градот Хаќќари и еден терорист кај градот Тунџели. 

 

 



Слични вести