Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи на ПКК

Во воздушна операција на областа Гара на северот на Ирак се погодени цели кои што биле користени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК како наоружана позиција, засолниште и скривница, а се неутрализирани и двајца терористи

1224467
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи на ПКК

Во реализирана прекугранична воздушна операција на областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, Турските вооружени сили (ТВС) во координација со операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што успешно продолжува во северниот дел на Ирак, реализираа воздушна операција на областа Гара.

Во операцијата се погодени цели кои што биле користени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК како наоружана позиција, засолниште и скривница, а се неутрализирани и двајца терористи.

Во меѓувреме, продолжуваат да им се нанесуваат тешки удари на терористите и во рамките на операциите за воспоставување на безбедноста внатре во границите на земјата.

Во реализирани операции во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани вкупно 7 терористи од кои двајца кај градот Дијарбакир, четворица кај градот Хаќќари и еден терорист кај градот Тунџели. 



Слични вести