Турција го осуди нападот врз меѓународниот аеродром Абха во Саудиска Арабија

Во соопштението на МНР на Турција во врска со нападот се вели следното: „Го осудуваме нападот со наоружано беспилотно летало врз аеродромот Абха во Саудиска Арабија во кој загина едно лице, а повеќе лица беа ранети“

1225025
Турција го осуди нападот врз меѓународниот аеродром Абха во Саудиска Арабија

Турција го осуди извршениот напад од страна на Хусите во Јемен врз меѓународниот аеродром Абха на југот на Саудиска Арабија.

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи во врска со нападот се вели следното: „Го осудуваме нападот со наоружано беспилотно летало врз аеродромот Абха во Саудиска Арабија во кој загина едно лице, а повеќе лица беа ранети.“

Во соопштението воедно се упатува повик да се избегнува од активности кои што би довеле до зголемување на затегнатоста во Јемен и да се фокусира на обидите за политичко решение кои што се водат под водство на Обединетите нации (ОН).

Инаку, Хусите соопштија дека на 23 јуни извршиле напад врз меѓународниот аеродром Абха во областа Асир на југот на Саудиска Арабија, а во кој загина едно лице со сириско државјанство, а 7 лица беа ранети.



Слични вести