Белата куќа ја потврди средбата помеѓу Ердоган и Трамп на Самитот на Г-20 во Јапонија

Висок функционер на Белата куќа потврди дека на претстојниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака ќе се оствари средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп

1224404
Белата куќа ја потврди средбата помеѓу Ердоган и Трамп на Самитот на Г-20 во Јапонија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Самитот на Г-20 што ќе се одржи на 28 и 29 јуни во Јапонија ќе оствари билатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп. 

Еден висок функционер на Белата куќа одржа телеконференција на која информираше во врска со програмата на претседателот Трамп во Јапонија. 

Овој висок функционер истакна дека претседателот Трамп во рамките на својата програма во Јапонија ќе се состане со претседателот Ердоган.

Тој напомена дека на маргините на самитот Трамп ќе има билатерални средби и со кинескиот претседател Ши Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин, саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман, јапонскиот премиер Шинзо Абе, индискиот премиер Нарендра Моди, германската канцеларка Ангела Меркел и со австралискиот премиер Скот Морисон.

На средбата помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да бидат разгледани детално главни прашања во односите помеѓу двете земји на чело со противвоздушно одбранбените системи С-400.

Инаку, Самитот на Г-20 ќе се одржи на 28 и 29 јуни во јапонскиот град Осака.



Слични вести